Факти и митови за микробрановите печки

Микробранова печка Веројатно до сега сте чуле едно чудо работи поврзани со микробрановите печки, почнувајќи од тоа дека храната зготвена во нив „не е баш иста“, па сè до тоа дека ако заспиете доволно блиску до вклучена микробранова печка, смртоносната радијација што излегува од неа ќе ви го спржи мозокот и ќе ве претвори во зомби. Да погледнеме кои тврдења се факт, а кои мит.

Веројатно до сега сте чуле едно чудо работи поврзани со микробрановите
печки, почнувајќи од тоа дека храната зготвена во нив „не е баш иста“,
па сè до тоа дека ако заспиете доволно блиску до вклучена микробранова
печка, смртоносната радијација што излегува од неа ќе ви го спржи
мозокот и ќе ве претвори во зомби. Да погледнеме кои тврдења се факт, а
кои мит.

Микробранова печка1. Загревањето пластика во микробранова печка може да е опасно! (факт)

Најбезбедно е да избегнувате ставање пластика во микробрановата печка. Истражувањата покажаа дека и плсатиката означена како „безбедна за во микробранови печки“ испушта мали, но сепак токсични дози од супстанцата наречена бисфенол А.

2. Метали можат да се загреат до екстремно опасни точки (мит)

Металите ги одбиваат микробранови и затоа не можат да бидат загреани од нив, додека пластиката, керамиката и стаклото ги пропуштаат низ себе. Но, треба да знаете дека тенките метали, како што се алуминиумските фолии или боцките на виљушките можат да се однесуваат како антени, создавајќи сводови, при што ќе забележите искрење во внатрешноста на вашата печка.

3. Микробрановите печки испуштаат опасни дози електромагнетна радијација (мит, барем во најголемиот дел од случаите).

Уште не можеме со сигурност да го одредиме ефектот што електромагнетната радијација од далноводите, мобилните телефони, компјутерите и микробрановите печки го има врз луѓето. Познато е дека големи дози на електромагнетно зрачење го подигаат ризикот од рак, но во овој случај, се работи за многу ниски нивоа. Стравот потекнува од кумулативните ефекти што печката може да ги има врз вас. Во суштина, не би требало да се грижите, зашто сите микробранови мора да имаат 2 заштити против истекуање на електромагнетни бранови и истите се активираат веднаш штом го притиснете копчето за отворање на вратата. А, доколку се плашите од ефектот додека таа работи, тогаш едноставно оддалечете се од неа. Сите магнетни полиња слабеат на поголема оддалеченост.

4. Зовривањето чаша вода во микробранова може да предизвика експлозија (факт)

Прочитајте и:  Храна која ја обновува цревната флора

Експлодирањето на вода веќе го имаме видено. Истото се случува зашто водата во микробранова се загрева од сите страни и доколку е загреана во чист сад од стакло или керамика, се оневозможува формирањето меурчиња што ја подоладуваат. Па така, таа се суперзагрева, далеку над точката на вриење. Потоа, ако нешто ја наруши рамнотежата (нагло движење на садот или предмет спуштен во неа), водата експлозивно се шири во сите насоки. Затоа, за да избегнете изгореници, никогаш не загревајте вода подолго од апсолутниот минимум или пак во садот во кој ја загревате, ставете дрвена лажичка или стапче.

5. Микробрановите печки можат да ја готват храната однатре нанадвор (мит)

Иако многумина веруваат дека е така, во суштина микробрановите печки работат на обратен принцип – ја загреваат храната по површината, преку забрзување на молекулите вода во неа. Внатрешноста се загрева преку пренос на топлина. Токму затоа, ако ставите големо парче месо во микробранова, тоа ќе е зготвено најмногу до 3 сантиметри од површината.

- Реклама -