Во обид да ги натера потрошувачите да се разбере потенцијалoт на мобилното рекламирање, московската рекламна агенција Sarafan ненамерно предизвика над 500 сообраќајни инциденти.
Агенцијата сакала да истакне на тоа колку многу луѓе го забележуваат местото за евентуална реклама, од двете страни на подвижните камиони. Од Sarafan ставиле врз такви камиони голема слика на гола жена која што ги држи градите, како и натпис „Тие привлекуваат”. За жал, рекламата навистина привлекувала. Возачите на московските улици се загледувале по градите од рекламата, наместо да внимаваат во случувањата на патот пред нив.
Од полицијата известуваат за 517 патни инциденти поради рекламата за помалку од 24 часа. На крајот било неопходно властите да ги сопрат камионите, додека рекламата не биде симната од нив.
Бизнисменот Илдар Јуриев е еден од многуте кои што настрадале од несреќната реклама.
„Патував за деловен состанок, кога видов камион со огромна слика на женски гради како минува покрај мене. Потоа бев удрен од автомобил одзади, а возачот рече дека ме удрил поради рекламата “.
Лутите возачи во Москва ја распрснаа агенцијата со барања за компензација за штетата поради рекламата. Портпаролот на Агенцијата се извини за инцидентот, велејќи дека компанијата ќе ги покрие штетите на возачите, кои не се покриени со нивното осигурување.