Фризури есен / зима 2014-15

Опавче, пунџа и многу, многу плетенки. Погледнете какви се трендовите кај фризурите за сезоната есен / зима 2014-15.

Откако ги видовме ревиите на најголемите имиња во модната бранша, немаме трпение да ви ги покажеме најновите трендови во фризурите за оваа сезона. Некои од нив се брзи, удобни и погодни за работа. Други се прилично комплексни, но страшно ефектни. Еве ги  актуелните фризури за есен / зима 2014-15.

Коса со мокар ефект

mokyr-efekt-138144-500x0 m kosa-mokra-(13)-36566-500x0

Косата со мокар ефект се враќа по кратко отсуство. Можете да ја носите исчешлана со патец  или малку крената назад . Косата со мокар ефект дава  бунтовен изглед. Ако ја направите, ќе постигнете секси и немирна фризура која нема да остане незабележана.

Секси коса со бранови

nachupena-kosa-138145-500x0

Дамите со долга коса ќе се заљубат во овој тренд. Косата на бранови придава сексапил и мистерија. Вие избирате како да ја носите. Во есен / зима 2014-15 модерни се и големите и умерените бранови. Изборот е целосно ваш.

Удобно опавче

1

4 3 2

Удобно, брзо и елегантно. Опавчето едноставно не сака да си замине од трендовите. И оваа сезона е тука, но во поинаков вид. За есен / зима 2014-15 модерно е најниско репче и патец.

Нејзиното височество – пунџата

p3 p2 p1

Пунџите се уште една опција за собрана коса. Нема да згрешите ако изберете повеќе строга варијанта – крената високо горе, за да се нагласува вратот . Можете сепак и да ја направите ниско долу за несериозен изглед и поголема удобност.

Едни од најголемите имиња во модниот бранша избраа пунџа за своите колекции – Prada, Roberto Cavalli, Lanvin

Плетенки, плетенки и само плетенки

marc-by-marc-jacobs-esen0zima-2014-2015-kolekcii-(8)-98781-500x0

p

Плетенки – ефектна фризура , незаменлива во влажно време. Оваа сезона се враќаат двете од типот  Пипи Долгото Чорапче. Можете да ги оставите да висат, да ги фатите со шноли или да ги претворите во спектакуларен венец.

- Реклама -