Во Лајпциг, за време на салонот на автомобилите, доделена е наградата eCar Award 2012 во категорија најдобар Plug-In концептен модел, а сите почести ги понесе Volkswagen Cross Coupé , студија која комбинира TDI-Plug-In хибриден систем.
Cross Coupé со Plug-In хибридната технологија е студија која ги обединува економичноста и потребната динамичност при управувањето. Ова издание со турбодизелски агрегат со директно вбризгување (TDI) и два електромотора остварува просечна потрошувачка од само 1,8 литри на 100 изминати километри според новиот европски циклус на возење (NEFZ).
Оваа вредност одговара на емисија на CO₂ само од 46 g/km . Инаку, вкупната моќ на Cross Coupé изнесува 225 kW/306 КС, a максималната брзина 220 km/h. Наградата за Cross Coupé Plug-In во Лајпциг ја прими Томас Либер, одговорен за секторот за развој на електрични автомобили во Volkswagen.
Објавено во соработка со Авто Плус.