Неодамна една жена ја отворила својата влезна врата и открила бел плик со писмо со 1.000 долари, без адреса на испраќач. Во него имало и букви, што ја расплакало – од радост и благодарност. Ова е еден настан кој никогаш нема да го заборави, пишува Viral Nova.
Писмото раскажува приказна за еден неодамна починат човек кој сакал да прави случајни акти на добрина. Откако го прочитала, жената знаела дека ова е дар од судбината. На нејзината мајка и биле потребни пари повеќе од било кога, бидејќи веќе 3 години се борела со ракот на јајниците.
Еве го и целото писмо:
Ве молиме прифатите го овој дар како произволен акт на добрина … Еден сакан член на нашето семејство посвети голем дел од времето и ресурсите за да им помага на луѓето. Тој донираше по најразлични начини. Секогаш анонимно. За да ја уважиме неговата меморија, решивме да ја продолжиме традицијата.
„ Случајните акти на добрина” не секогаш вклучуваат донирање на пари. Понекогаш може да нешто сосема едноставно. Пример да поминеш малку време со друг, да го ислушаш, да му дадеш комплимент. Најважно е дека овој чин е секогаш доброволем. Не се очекува ништо за возврат. Иако не ве познаваме лично, други членови на нашето општество ве препознале како човек кој заслужува да го добие овој дар. Ве молам, користете ги парите како што сметате дека е потребно – било да е тоа за да се ублажите финансиски или за да направите нешто посебно за себе. Не бараме ништо за возврат. Се надеваме дека овој начин ќе ве охрабри да го промените животот и некој друг да мотивирате да ја прифати оваа идеја и да ја продолжи традицијата. Токму едноставните нешта го прават светот подобро место за живот. Озлогласениот цитат на Ганди „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот” е совршен пример за тоа како еден чин на љубезност може да има толку силно влијание. А можеби дури и да го активира ефектот на пеперутката и да ги инспирира и другите да ја следат оваа прекрасна традиција.