Hyundai го откри серискиот IX25

На Chengdu Motor Show компанијата Hyundai ја покажа сериската верзија на компактниот кросовер ix25.

Моделот на корејскиот производител ќе треба да се бори за клиенти со автомобили од калибарот на Nissan Juke.


Во основата на новиот кросовер на Hyundai е платформата на првата генерација на Kia Soul. Димензиите на моделот се 4.720 mm должина, 1.780 mm ширина, 1.630 mm висина и меѓуоскино растојание од 2.590 mm. Дизајнот на ix25 е во стилот на новата филозофија на Корејците – Fluid Sclupture 2.0, a се одликува со шестоаголна маска на ладилникот, црни лајсни по целата каросерија, вертикалнто распоредените магленки, како и скриени во задниот браник цевки на издувниот систем.


Автомобилот ќе се предлага најнапред само во Кина, за каде се предвидени два бензински мотори со зафатнина од 1.6 и 2.0 литри. И двата мотори можат да работат во спрега со 6-брзински мануелен менувач и со автоматска трансмисија со ист број брзини. Засега од Hyundai нема информации дали кросоверот ќе се нуди и на други пазари. Машината ќе се појави во продажба на 9 октомври, а цените стартуваат од 22.400 американски долари.

- Реклама -