На морскиот брег, еден случаен минувач наишол на порака во шише. Имајќи ја во предвид човековата љубопитност, лесно можеме да заклучиме дека веднаш го дограбил стаклениот сад во обид да ја прочита.
Садот бил добро запечатен. Било потребно малку повеќе труд за да биде отворен.
Сепак, набрзо бил отворен, а хартијата била спремна за одвиткување во рацете на наоѓачот.
Фрлена е во морето од плажата во Калифорнија, на 17 август годинава.
Во пораката има фотографија замотана во ролна. На фотографијата има неколку луѓе – семејство собрано околу човек во болнички кревет.
Во пораката пишува:
„Се викам Мел. Имам три прекрасни деца и прекрасна сопруга речиси 54 години, во моментот кога заминувам. Го сакам океанот и обожавам да одам со моите синови на риболов, како и да ја посетувам плажата за време на плимата со своето семејство…
…Денес, моето семејство ме положува да почивам во местото кое најмногу го сакам – океанот. Па, тука започнува моето патување. Ако ја најдеш оваа порака во шише, те молам посети ја мојата Фејсбук страна. Прикачи твоја фотографија и фотографија од местото каде што ме најде, а потоа врати ме назад за да продолжи моето патување.“
Неговата желба е услишена, а патувањето продолжува.