Комплетно ново Mondeo; Бензиски, дизелски и за прв пат Mondeo Hybrid во дилерската мрежа кон крајот на 2014

• Комплетно новото Ford Mondeo веќе е подготвено за првите нарачки кои ќе бидат испорачани кон крајот на оваа година.

• Новото потпирање и управувачки механизам ги зголемуваат рафинираноста и динамиката; најголем избор на мотори до сега вклучувајќи го и првиот Mondeo со електрично- хибриден погон
• Напредната Mondeo технологија го вклучува и првото Ford LED осветлување во Европа, подобрениот Active Park Assist со паркирање под прав агол и Active City Stop функција
• Останатите технолошки опции вклучуваат седишта со истакнати контури со можност за масажа, SYNC 2 конекцијата и за прв пат заштитни ремени на надувување на задната клупа

New Mondeo Range

Ford Motor Company најави почеток на примање на нарачки кон последниот квартал од оваа година за комплетно новото Ford Mondeo кој доаѓа со иновативна технологија, најдобра возна динамика во класата, рафинираност и перфектна изработка како и со препознатлив, современ и софистициран дизајн.
Новиот Mondeo ќе биде понуден во три каросериски изведби: четиривратен седан, петвратен хечбек како и караванска изведба специјално дизајнирана за европскиот пазар. Иницијално сите варијанти ќе бидат расположиви во Trend и Titanium пакети на опрема додека во почетокот на идната година планирано е овие пакети да бидат збогатени со влезниот Ambiente како и со најлуксузниот Business Edition пакет. Заедно со новите бензински и дизел мотори од почетокот на идната година опциски може да се добие и интегрален погон на сите тркала.
“Комплетно новото Mondeo отвара значајно поглавје за еден од најпопуларните автомобили со 20 годишно присуство во Европа“ изјави Џо Бакај заменик претседател на одделот за развој во Европа.

Најдобра динамика во својата класа

Mondeo е првиот автомобил на Ford во Европа кој е изграден врз новата CD-платформа која се карактеризира со “интеграл линк“ задно ослонување констриурано за зголемена рафинираност и поизразени динамички перформанси. Со избор на еден од програмите “Comfort”, “Normal” или “Sport”, за прв пат во еден Ford се нуди систем за интерактивна динамичка контрола кој овозможува прилагодување на возилото спрема условите на возење.
Моторната понуда во новиот Mondeo ги вклучува бензиските 1.5 и 2.0 EcoBoost мотори а од идната пролет ќе им се придружи – веќе три години најдобриот во својата класа – најмалиот бензинец, трицилиндерскиот 1.0 EcoBoost.
ECOnetic дизел технологијата ќе биде застапена преку 1.6 литарскиот дизел кој има емисија на CO2 од само 94 g/km, а него ќе го придружува докажаниот 2.0 литарскиот TDCi дизел.
Посебно е интересна четиривратната Mondeo Hybrid изведба која комбинира посебно развиен 2.0 литарски бензинец и електромотор кој се напојува од батерија со капацитет од 1.4 kWh. Како прв хибридно-електричен автомобил понуден во Европа, Mondeo Hybrid успева да ја задржи емисијата на CO2 на вредност од само 99 g/km.

New Mondeo interior LHD

Опрема во функција на безбедноста

Прилагодливата LED технологија на светлата, Ford за прв пат ја нуди во Европа. Зголемената ефикасност и можноста за приспособување на снопот на Full-LED светлата ќе знаат да одговорат на сите специфични ситуации на кои наидува возилото. Усовршената асистенција на системот за паркирање сега вклучува и препознавање и автоматско паркирање на простор кој е под прав агол во однос на движењето. Кон зголемената безбедност придонесува и Active Sity Stop системот, кој реагира на брзина од 40 км/ч, со автоматско активирање на сопирачките кога ќе се детектира опасност од колизија а возачот не реагира адекватно.
Од пасивната безбедност најголемо внимание привлекува европскиот новитет – задните ремени во случај на потреба во миг се надувуваат со воздух со што многукратно се зголемува безбедноста на патниците.
Масажата вградена во посебно профилираните седиштата заедно со греењето на управувачот се наменети за префинетите корисници кои секогаш бараат нешто повеќе од своето возило.
SYNC 2, веќе докажаниот мултимедијален систем, во своето второ издание додатно е унапреден со мноштво функции кои се извршуваат преку говорни команди а се отчитуваат на големиот 8 инчен дисплеј.
MyKey опцијата е посебно интересна кога автомобилот се отстапува на младите возачи. Со нејзина помош може да се ограничи максималната брзина, се деактивира мобилниот телефон, потоа јачината на аудио уредот или пак во случај патниците да не се врзат со ремени да се исклучат сите функции.

Впечатлив дизајн и супериорен квалитет
Комплетно новото Mondeo ќе испорача свеж и современ дизајн комбиниран со висока технологија и најквалитетна изработка до сега. Од друга страна, внатрешноста нуди рафинирана, елегантна и високо комфорна содржина со премиум изработка и неповторлива опрема. Сето тоа заедно со традиционално поволната цена го прави новиот Mondeo без конкуренција во својата класа.

- Реклама -