Машина за перење… кучиња (видео)

Повеќе... Французинот Romain Jarry дошол до едно бизарно решение за сопствениците на валкани домашни миленици – машина која го претвора миленикот од валкан во свежо исперен само во рок од триесетина минути.

Французинот Romain Jarry дошол до едно бизарно решение за сопствениците на валкани домашни миленици – машина која го претвора миленикот од валкан во свежо исперен само во рок од триесетина минути.

article-1183016-04f54772000005dc-273_634x434.jpg

Dog’O’Matic е името на оваа автоматска машина за перење кучиња. Целиот процес трае околу 30-тина минути: 5 минути перење и дополнителни 25 за сушење со топол водух. Триесетгодишниот Romain Jarry инсистира на фактот дека оваа направа не е сурова: „На кучињата не изгледа дека им е здодевно внатре. Тие само седат таму и по неколку минути излегуваат чисти… а за секој случај, вратата може да биде отворена во секој момент за доколку кучето испаничи, тоа да излезе надвор.“ Дали е сурово или не, одлучете сами. Фотографиите на (жртвите) зборуваат сами за себе.
 

article-1183016-04f54836000005dc-631_634x444.jpg

Ова е сигурно една од најлошите и најбизарни идеи (барем за кучињата), но не и за г-дин Jarry кој доживеа голем успех во Франција (каде наплаќа и до 35 евра по муштерија), а следната година планира да ја освои и Британија со своите машини за мачење.

{youtube}hOb9RnmXcgI&feature=player_embedded{/youtube}

- Реклама -