Превентивно – нови Google Maps

Google ќе одржи утрински настан на шести јуни за да им овозможи на медиумите “behind-the-scenes” поглед на Google Maps и да ја сподели својата визија. Google ќе демонстрира дел од „најновите технологии и ќе овозможи преглед на идни елементи кои ќе им помогнат на луѓето да стигнат каде што сакаат – и физички и виртуелно“.

„На овој настан на кој може да се присуствува само со покана од компанијата. Брајан Мекклендон, заменик претседател на Google Maps и Google Earth, ќе ја презентира визијата за Google Maps. Ќе ви презентираме и дел од најновите технологии и идни елементи кои ќе ви овозможат да стигнете каде што сакате – и физички и виртуелно. Се надеваме дека ќе присуствувате.“

Прочитајте и:  „Гугл“ воведува привремени е-адреси

Во меѓувреме, Apple го најави својот WWDC настан кој ќе започне на 11 јуни, каде што компанијата ќе го претстави новиот iOS 6 кој ќе го содржи нејзиното решение за мапирање за кое се надева дека ќе стане конкурент на Google Maps. [Google to hold Maps event ahead of Apple’s switchover at WWDC]

- Реклама -