Во последно време, светски тренд е градовите да стануваат сè погусто населени и задушени. Урбанистите планираат едно, додека по некое непишано правило, на терен се случува нешто сосема друго. Во градовите има сè помалку зеленило, што доведува до промени во микроклимата. Денес претставуваме една добра идеја која претставува одговор на овој проблем.
Оваа куќа во Виетнам која ја проектираше студиото Vo Trong Nghia Architects, во основа е куќа со две спални соби, проектирана за тричлено семејство. Проектаните сакале да ја разбијат бетонската монотонија и додале големи бетонски кутии во кои посадиле дрва.
Според анализата на студиото кое ја проектираше оваа куќа, градот Хо Ши Мин, каде куќата се наоѓа, има зеленило на само 0,25% од површината, а вака изградената куќа ќе придонесе за зголемување на зеленилото во урбаната средина. Со зголемувањето на зелените површини, воздухот ќе биде почист, а не треба да се заборави и микроклимата во градот која секако ќе биде поповолна.
Во оваа куќа вкупно се засадени пет садници на дрвото Баниан, кое е избрано бидејќи не пушта длабоки корени и нема да го оштети објектот.