Вака ќе изгледа следниот iPad Air

Овие фотографии првично се појавија во кинескиот форум Weibo, но веќе се објавени од многу технолошки сајтови во светот. Како што тврдат истите, на нив  е новиот iPad на Apple. Иако не изгледа многу различно од сегашниот модел, тој се очекува со нетрпеливост да се појави на пазарот. Формата е малку заоблена, а бојата е сребрена.

Се очекува дека втората генерација iPad Air ќе има сензор за отпечатоци, побрз процесор и подобрена 8 MP камера. Не е објавен датумот за неговото претставување – Apple обично прави тоа во октомври.

tavb

- Реклама -