Како да спречите каснувања од комарци

Летото овозможува голем број забавни активности во природа кои помагаат во опуштање, но потои малиот проблем предизвикан од комарци. Според Џо Конлон, медицински ентомолог и технички советник на Американската Асоцијација за Контрола на Комарци, комарците генерално се само здодевни.

Но тој додава дека комарците би можеле да бидат и многу поопасни. „Постојат заразни болести кои се пренесуваат преку комарци и тоа би можело да биде вистински проблем. Тоа би можело да биде проблем дури и во САД како што научивме од вирусот Западен Нил.“ Еве неколку совети кои би можеле да ви помогнат со избегнување на оваа летна досада.

Контролирањето на комарците е релативно лесно според Конлон: „Стратешки поставени вентилатори на подот ќе создадат воздушна струја во областа и ќе помогнат во бркање на комарците. Комарците се слаби летачи и нема да можат да се снајдат во воздушна струја.“

Ако имате балкон или тераса осветлувањето би требало да биде со жолти светилки. „Овие светилки не ги бркаат комарците но тие не привлекуваат комарци како неонките.“ Патем, свеќи со цитронела имаат благ ефект на одбивност кај комарците но не создаваат многу поголема заштита од други свеќи кои создаваат чад.

Исто така важно е да се облекувате во светла широка облека. Густа плетка е најефикасна во спречување на каснувања, но слоеви широка облека го има истиот ефект. И за крај, ако можете планирајте ги вашите активности за да го избегнете времето кога комарците се најактивни, најчесто зора и самрак.

- Реклама -