Топ 10 начини за уништување на Земјата

1238055859.jpg Ви покажавме начини како да го направите тоа, оноа, вака и така. Ви покажавме начини за речиси се…освен за ОВА. Ви претставуваме 10 начини за уништување на Земјата! Признајте, ќе се најдат некој ден:) Следете ги инструкциите внимателно за да добиете подобри резултати. А да, не правете го ова дома(на улица можеби?)

Ви покажавме начини како да го направите тоа, оноа, вака и така. Ви
покажавме начини за речиси се…освен за ОВА. Ви претставуваме 10
начини за уништување на Земјата! Признајте, ќе се најдат некој ден:)
Следете ги инструкциите внимателно за да добиете подобри резултати. А
да, не правете го ова дома(на улица можеби?)

 asteroid2.jpg

 

10. Тотална пропаст

Ќе ви треба: Ништо
Метод: Нема метод. Само опуштете се и вртете со прстите како што, сосема случајно, сите 200,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000 атоми кои ја прават планетата Земја спонтано и симултано престанат да постојат. Шансите за ова да се случи се 10,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000(овој број се вика google) наспроти 1. Па, најверојатно ќе треба некаков вид на манипулациска направа или нешто слично.

9. Да биде голтната од фрагменти од некоја чудна материја

Ќе ви треба: Фрагменти од чудна материја.
Метод: Заземете контрола на Релативистичкиот тежок ионски колидер во националната лабораторија во Brookhaven, Long Island, New York. Искористете го РТИК за создавање и одржување на фрагменти од чудна материја, или – странгелети. Држете ги стабилни се додека не е потребно да се апсорбира цела Земја во маса на чудни кваркови. Да се држи странгелетот стабилен е неверојатно тешко еднаш кога машинеријата која го стабилизира е апсорбирана, но креативните решенија се секогаш можни.
Пред некое време некои медиуми известуваа за можноста дека ова всушност се случило во РТИК, но веројатноста за формирање на стабилен странгелет е околу нула.

8. Вовлечена во микроскопска црна дупка

Ќе ви треба: микроскопска црна дупка.
Запомнете дека црните дупки не се вечни. Тие испаруваат поради Hawking радијацијата – радијацијата која тие ја испуштаат(крстена според Stephen Hawking, кој дал теории за нејзиното постоење). За вашата просечна црна дупка ќе треба да помине незамисливо многу време за ова да се случи, но за навистина мали – може да се случи веднаш, бидејќи времето на испарување зависи од нејзината маса. Така што, вашата микроскопска црна дупка мора да има маса приближно како…па, Монт Еверест. Креирање на микроскопска црна дупка може да биде малку тешко, бидејќи ви треба разумно количество на неутрониум – но може и со мешање на огромни бројки на атомски нуклеи, се додека не се залепат. Што ви е полесно, тоа.
Метод: Едноставно ставете ја вашата црна дупка на површината на Земјата и чекајте. Црните дупки се со голема густина, па ќе помине низ обичната материја како камен низ воздух. Таа ќе падне веднаш на површината, „јадејќи“ го својот пат кон центарот на Земјата, се до другата страна. Потоа, таа ќе осцилира назад, пак и пак и пак. Со тек на време ќе се одмори на јадрото, бидејќи ќе биде забавена од целата материја која ја апсорбирала. Потоа само треба да почекате додека таа си седи и ја конзумира цела материја се додека целата Земја ја снема.
Многу, многу, многу неверојатно. Но не и невозможно.
Земјата ќе биде само зрно прав кое со тек на време повторно ќе почне да си орбитрира околу Сонцето.

7. Да се разнесе со материска/антиматериска реакција

Ќе ви треба: 2,500,000,000,000 тони антиматерија.
Антиматерија – најексплозивната супстанца која постои( можете да ја сретнете во „Ангели и Демони“, на Ден Браун ). Може да се произведе во мали количества користејќи големи асцелатори на честички, но ова ќе одземе многу време за да се создаде потребното количество. Ако можете да ја создадете потребната машинерија, што е можно – многу е полесно: само „свртете“ 2.5 трилиони тони на материја во четвртата димензија, претворајќи ја во антиматерија наеднаш.
Метод: Детонирање на бомба толку голема што ќе ја разнесе Земјата на парчиња.
Колку тешко може да е тоа?

6. Уништена од вакуумска енергија

Ќе ви треба: светилка.
Метод: (ова е интересно) Научните теории ни кажуваат дека тоа што ние го гледаме како вакуум е само просечен вакуум и всушност тој „расте“ со
неограничени количества. Исто така ни кажуваат дека јачината на просторот затворен во сијалица содржи доволно вакуумска енергија да ги свари сите океани во светот. Така што, вакуумската енергија може да се воспостави дека е една од најбогатите извори на енергија од било каков вид. И еве каде доаѓате вие. Се што треба да направите е да смислите како да ја извлечете таа енергија и да ја насочите кон некоја нуклеарна централа  – ова лесно може да се направи без да покренете сомнеж – и потоа само ќе чекате централата да избега од контрола. Енергијата која ќе се ослободи е доволна за да се уништи цела планета Земја, а и Сонцето исто така.
Ова е малку веројатно.

5. Вшмукана во огромна црна дупка

Ќе ви треба: црна дупка, некоја многу моќна. Најблиската црна дупка до нашата палнета е 1600 светлосни години од Земјата, во насоката на орбитрирање V4641.
Метод: Откако ќе ја лоцирате вашата црна дупка, треба да ја земете, заедно со Земјата. Има 2 метода: да ја донесете црната дупка наваму, или да ја однесете Земјата натаму, но за најдобри резултати би било убаво кога би ги доближиле двете наеднаш.
Многу тешко, но дефинитивно можно.

4. Прецизна и планска деконструкција

Ќе ви треба: многу голема и моќна пушка, или повеќе такви(ако најдете).
Метод: Во основа, она што ќе го направиме тука е да ја откопаме Земјата, големо парче едно по едно и да  го испукаме тоа во орбитата.
Да, 6 секстилиони тони.Вашата моќна пушка треба да е еден вид на електромагнетна пушка, која еднаш беше кандидат за земање материјали од Месечината и да се донесат на Земјата. Само ја полните со материјалите и ги праќате/испукувате кон Земјата. Вие ќе користите поголем модел – некој доволен моќен што ќе може да и се противи на гравитацијата и само лансирајте ги ископаните парчиња кон Сонцето, или било каде во вселената.

3. Да се уништи со некој остар објект

Ќе ви треба: голем и тежок камен, нкој со кој ќе можете да замавнете…можеби Марс.
Метод: Во принцип, се може да се уништи ако се удри доволно силно. СЕ. Концептот е едноставен: најдете навистина голем тежок астероид или планета, дајте и брзина вртејќи ја и удрете ја/го во Земјата. Со главата напред би било идеално, ама како можете така…Резултат: Земјата е разнесена на голем број огромни парчиња, кој ако ударот е навистина силен, ќе бидат посилни од гравитацијата и ќе се разлетаат низ вселената, никогаш повеќе не спојувајќи се како планета.
Астероид од 10,000,000,000,000 тони со брзина барем 90% од брзината на светлината ќе заврши работа.

2. Изедена од von Neumann машини

Ќе ви треба: von Neumann машина.
Метод: von Neumann машина е секоја направа која е способна да креира точна копија на самата себеси со ништо освен со само груби материјали. Направете една ваква која ќе биде само од железо, магнезиум, алуминиум и силикох, сите големи елемнти кои се најдени во Земјината кора и јадро. Не е важно колку голема или колку долго ќе може да се копира самата себеси. Закопајте ја длабоко во Земјата и чекајте да се „храни“ самата. Ќе создаде втора  von Neumann машина, па тие ќе создадат уште две, па тие уште четири…Како што популацијата на машините ќе расте, така планетата Земја наскоро ќе биде изедена и претворена во јато секстилиони тони од машини. Сега вашата цел е готова, нема повеќе Земја, но ако сакате да нема НИШТО, тогаш само ќе ги насочите машините кон Сонцето. За ова тие ќе требаат да имаат ракети, па не заборавајте да им ставите кога ќе ги градите.

Толку лудо што би можело да успее.

1. Фрлена кон Сонцето

Ќе ви треба: Земјопреместувачка опрема
Метод: Фрлете ја Земјата кон Сонцето. Да се фрли Земјата кон Сонцето и не е баш лесна работа(не мора буквално да се погоди Сонцето, доволно е и само да се приближи многу близу до него). Многу лесно е ненамерно да направиме новаорбита на Земјата која ќе се орбитрира 4 месеци секоја ноќ. Но, со внимателно планирање може да се одбегне ова.
Ова е невозможно со нашата моментална технологија, но ќе биде можно еден ден. Сигурни сме. Во меѓувреме, ова може да се случи ако се случи некоја голема несреќа и ако нешто или некој дојде од никаде и ја удри Земјата доволно силно и ја стави баш на тој правец.
Последното место на Земјата: мала капка на испарено железо кое тони бавно кон срцето на Сонцето.

- Реклама -