Кривата кула од Шангај

Повеќе... Сигурно сте чуле за Големиот ѕид во Кина, a за Кривата кула? Не, не таа во Пиза. Станува збор за кинеската пагода Huzhu, која можеби е најискривената кула во светот и заради која нејзината попозната сродничка од Пиза може да ја изгуби својата позната титула.


lean_200.jpgСигурно сте чуле за Големиот ѕид во Кина, a за Кривата кула? Не, не таа
во Пиза. Станува збор за кинеската пагода Huzhu, која можеби е
најискривената кула во светот и заради која нејзината попозната
сродничка од Пиза може да ја изгуби својата позната титула.

Huzhu пагодата се накривува над Tianma селото во околината на Songjiang. Таа е седумкатна структура толку искривена што изгледа дека може да падне во секој момент.

Била изградена во 1079 година – многу порано одошто познатата Крива кула во Пиза – од страна на генералот Zhou Wenda кој ја направил за во неа да ги смести петте реликти на Буда кои ги добил како награда од императорот Song Gaozong од Јужната Сонг династија. Но уште од почетокот таа почнала да се навалува: „Дел од структурата била изградена на карпа, а дел на површина со кал“ – објаснува  Yang Kun, кој работи во Songjiang музејот и кој ја проучува историјата на пагодата. [‘Leaning Tower’ Of Shanghai Underwhelms Visitors]

- Реклама -