Она што го прават овие родители со срцата на нивните деца пред да починат е неверојатно

Велат, не постои поголема болка од онаа кога родител ќе изгуби дете. За жал, секојдневно низ светот се случуваат вакви трагедии со кои голем број родители мораат да се соочат.

Семејството Бенет го изгуби 14-годишниот син Дилан во февруари оваа година. Пред да почине, неговиот татко Брајан Шрек, го сними биењето на неговото срце, а подоцна звукот го соедини со омилената песна на Дилан, и создаде песна која ја слуша секојдневно.

Иако многумина велат дека неговата музичка креација е необична и по малку чудна, сепак, тој вели дека оваа песна претставува вистинска терапија за неговото семејство, дека ја намалува болката од загубата и дека ја слушаат секој изминат ден.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

После ова, Брајан го сними срцебиењето на уште дваесетина други деца, и звукот го соедини со нивните омилени песни.

Ништо не може да направи да исчезне болката на родителите кои изгубиле дете, но, да се слуша нивното срце како бие и кога нив веќе ги нема е вистински дар.

- Реклама -