На салонот во Париз, во октомври, Bentley ќе ја претстави својата набилдана верзија на моделот Mulsanne, со која фрла ракавица за предизик на најбрзите луксузни седани во светот.Вака подготвената верзија на Bentley Mulsanne ќе генерира од V8 моторот со зафатнина од 6,75 литри со две турбини вкупно 550 „коњи“, наместо сегашните 505. Нормалниот Mulsanne до стотка забрзува за 5,3 секунди, а набилданата верзија се најавува дека истото тоа ќе го чини за помалку од пет секунди. Луксузниот автомобил тежи 2,5 тони и кај сите положби за топ верзијата ќе бидат потребни и нови подесувања на шасијата.
Ривали на овој Mulsanne ќе се неговиот „брат“ Bentley Flying Spur (625 КЅ; од 0 до 100 km/h за 4,6 сек.), како и Mercedes S65 AMG (630 КЅ; 4,3 сек). Лидер во овој сегмент, по многу нешта, не само по брзината, сепак останува Porsche Panamera Turbo S. Со моќност од 570 „коњи“ оваа изведба до стотка забрзува за 3,8 секунди и има далеку подобра и полесна конструкција.