Овој редок и можеби единствен розов делфин во светот, беше фотографиран како плива во соленото езеро Calcasieu во Луизијана, Америка.
Овој редок и можеби единствен розов делфин во светот, беше фотографиран како плива во соленото езеро Calcasieu во Луизијана, Америка.
Иако има неверојатна розова боја, овој делфин е албино што може да се забележи по неговите црвени очи. Албинизмот е генетска модификација и не е познато каков вид на албинизам има наследено овој делфин.
Ова убаво и необично суштество било за прв пат фотографирано од 42-годишниот капетан на брод, Erik Rue, кој пред една година го забележа како плива со четири други делфини од кои еден изгледа дека е неговата мајка која не го испушта од вид.
И покрај неговата состојба изгледа дека нема некакви поголеми последици од околината и сонцето, иако според очевидците овој албино делфин сака да останува под површината малку повеќе одошто другите. [Caught on camera: Is this the world’s only PINK dolphin?]