Kупувајте жолти автомобили?

Изгледа неверојатно, но автомобили со жолта боја губат најмалку од својата вредност во првите пет години експлоатација. Ова го покажува статистичкото истражување на компанијата iSeeCars, со седиште во Бостон, објавено од Forbes.

Излегува дека ако купите жолт автомобил за околу 20.000 долари, по 5 години експлоатација ќе можете да го продадете за околу 15.000 долари. Досега се сметаше дека поефективни се црните автомобили, но истражувањето покажува дека оние со боја на лимон ги надминуваат сите други во овој поглед. Анализата е направена откако експерти проучувале повеќе од 20 милиони возила произведени во периодот 1981-2010 година. Таа покажува дека најповолно е да се инвестира во машина со живописни бои како жолта, портокалова, сино-зелена и зелена.

-Автомобилите во црна и сива боја се далеку попопуларни и се продаваат брзо, но нивната вредност на пазарот е помала од оние во жолта боја – објаснува Фонг Лу, извршен директор и ко-основач на компанијата iSeeCars. – Објаснувањето е многу едноставно, тие се присутни поретко, бидејќи едвај 1,1% од сите автомобили на секундарниот пазар се во жолта или портокалова боја.

Според компанијата PPG Industries најпопуларна боја меѓу клиентите на автомобили во Северна Америка во 2013 година била бела. Вкупно 21% од реализираните на пазарот автомобили биле со бела боја. Следат црните – 19%, сивите – 17% и сребрените – 15%. Оние со портојкалова боја се 1,8, а со жолта веќе истакнавме 1,1%. Ова ја потврдува на свој начин тезата дека автомобилите со жолта боја се раритет, па се едноставно повеќе барани.

Прочитајте и:  Пад на продажбата на автомобили во Европа

Еве колку губат автомобилите од својата вредност во првите пет години во зависност од бојата:

Жолта                           26,2%
Портокалова                 27.6%
Зелена                         31.3%
Темно сина                   31.4%
Црвено                         31.7%
Беж, кафеава, златна    33.3%
Сино                             33,6%
Бело                             33,7%
Сребрено                      34,0%
Сива                             34,2%
Црна                             34.4%

Истражувањето покажува дека овие резултати се однесуваат речиси подеднакво меѓу сите видови на автомобили, независно од фактот дека е нормално спортско купе или кабриолет да се бараат повеќе во атрактивни и светли бои. Истото покажува дека семејните седани и каравани, сепак се попопуларни во сива или црна боја.

- Реклама -