Инспиративни цитати за животот по дипломирањето

Уште од колонијалната ера, младите завршувајќи го своето образование, слушаат уште едно последно предавање, односно говор за време на студиите. Со говори на познати личности како Џон Кенеди, Стивен Колберт и Сузан Сонтаг, оваа колекција нуди голем број на инспиративни цитати, кои се смешни, смирувачки и мудри.. Ние ви нудиме некои од најдобрите:

– “Животот е импровизација. Немаш идеја што следува и најчесто измислуваш работи, додека минува времето. “

Стивен Колберт, Северозападен Универзитет, 2011

– „Сфаќам дека стремежот кон мир не е толку драматичен, колку стремежот кон војна … Но немаме повеќе итна задача.”

Џон Кенеди, Американски Универзитет, 1963

– „Не можете да се искачите по скалилата на успехот со рацете во џебовите.”

Арнолд Шварценегер, Јужнокалифорниски Универзитет, 2009

– “Работи напорно, биди фин и неверојатни работи ќе се случат!”

Конан О ‘Брајан, Дартмаут колеџ, 2011

– “Бидете храбри, бидете храбри, бидете храбри!”

Сузан Сонтаг,1983

– “Сфатив дека ништо во животот не е корисно, освен ако не преземаш ризици.”

Дензел Вашингтон, Универзитет на Пенсилванија, 2011

– “Сите ќе имате да направите многу нешта, па дури ќе завршите некои од нив.”

Голдберг, Савана колеџ за Арт и Дизајн, 2011

– “На светот не му е гајле колку пати си паднал, додека бројот е помал од патиштата под кои си зачекорил“.

Арон Соркин, Сиракуза Универзитетскиот, 2012

- Реклама -