Бебето клоцна

Еден од највозбудливите и очекувани моменти од бременоста е првиот удар на бебето. Што можат да значат клоците, зошто треба да ги следите и што доживува мајкта во тој момент?

Првите клоци

Првите клоци на бебето во стомакот почнуваат уште од околу 8-та гестациска недела, но ако ви е прво раѓање, ќе ги почуствувате дури по 20-тата. Со изострени сетила се мајките кои што не се жалат на прекумерна тежина , а кои што веќе родиле. Начин за  да видите како бебето удира е и ултразвук.

На почетокот клоците се слаби и не толку чести. Причината е тоа што организмот на бебето уште не е оформен и тоа нема доволно сила. Постепено сепак ударите ќе зачестат, бидејќи бебето станува активно и се развива (околу вториот квартал). По 30-тата гестациска недела клоците можат повторно да се намалат, бидејќи бебето расте и утробата на мајката веќе му е малку тесна.

Ќе ги почувствувате ударите на бебето кога сте на тивко место, по можност седнати или легнати.

Мајките го опишуваат чувството како грчеви, гасови, чувство за глад, нервно гмечење, возбуда или лет на пеперутки.

Зошто бебето клоца?Додади опис

Бебето клоца кога е активно – т.е. кога не спие. И бидејќи не е задолжително неговиот режим на одмор да се совпаѓа со вашиот, не е исклучено да се почувствуваат клоци и во 3 навечер. Покрај тоа лекарите веруваат дека бебето е будно вечерно време, бидејќи тогаш мајката е во мирување и е тивка.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Причините за клоци на бебето може да се многу. Понекогаш тоа турка, кога околу него е бучно и тоа се возбудува. Друг пат кога му е непријатно – сте го притиснале, сте се напиле ладен пијалок или  сте каснале нешто што не му се допаѓа. Бебето клоца како реакција на допир или кога мајкатаму зборува.

Зошто и како да се бројат клоците на бебето?

Лекарите препорачуваат да ги следите клоците на бебето, бидејќи тие можат да ви бидат  индикација за здравјето на детето во вас . Покрај тоа, кога чувствувате дека тоа мрда, и вие сте опуштени. Еве како да  ги броите клоци на бебето:

Изберете некој интервал од денот, кога знаете дека бебето е поактивно (кај некои е вечер, при други – наутро).
Сместете се удобно, легнати на една страна и гледајте околу вас да е тивко.
Мерите ги клоците на бебето за околу 2 часа.
Лекарите од Американскиот колеџ за акушерство и гинекологија велат дека за тоа време треба да се почувствува барем 10 удари.

Кога да го побарате вашиот гинеколог?

Многумина паничат кога не  го чувствуваат бебето. Имајте на ум дека кога тоа спие или се одмара, па тогаш се минимизира движењето. Понекогаш ударите се намалуваат, бидејќи не се храните доволно и на бебето не му достигнуваат сили.  Сепак побарајте го вашиот гинеколог ако забележите остар пад во активноста на детето или ако чувствувате некакви болки.

- Реклама -