Можат да се видат насекаде во светот, на зафатените улици, во парковите или пред туристичките атракции: улични изведувачи кои позираат како статуи. Некои свиркаат кога ќе поминете покрај нив, а некои се помрднуваат кога ќе им фрлите паричка. На некои тоа им е професија, а други тоа го прават во слободно време. Меѓутоа да се биде жива скулптура не е лесно: покрај креативноста, потребна е и голема физичка и ментална сила.
Можат да се видат насекаде во светот, на зафатените улици, во парковите
или пред туристичките атракции: улични изведувачи кои позираат како
статуи. Некои свиркаат кога ќе поминете покрај нив, а некои се
помрднуваат кога ќе им фрлите паричка. На некои тоа им е професија, а
други тоа го прават во слободно време. Меѓутоа да се биде жива
скулптура не е лесно: покрај креативноста, потребна е и голема физичка
и ментална сила.
Живите статуи имаат долга историја зад себе, посебно во европската традиција на уличен театар. Повеќе одошто само што стојат неподвижни, тие изведуваат точки според свое сопствено сценарио. Повеќемината од нив сами си ги дизајнираат своите костими што одзема многу време и макотрпна работа.
Комунистичка жива статуа во Керала, Индија
Да се биде жива статуа не е за секого и бара голема физичка и ментална сила, да не спомнуваме и издржливост на секакви временски услови. Според изјавите на уличните изведувачи всушност е многу тешко да се издржи неподвижен долго време, борејќи се со нагонот кој не тера да се помрднеме. Понекогаш тоа може да заврши и во големи болки.
Некои од нив одат до екстремности. Antonia Santos, aka Staticman, е гинисов рекордер во стоење неподвижен 15 часа, 2 минути и 22 секунди во 1988-та. Тој е жива статуа од 1987-та кога почнал со своите точки во Барселона и сега може да се види низ цела Европа. Оттогаш тој го надминал сопствениот рекорд стоејќи неподвижен 20 часа во 2003-та.
Погледнете неколку неверојатни живи статуи од парковите и улиците на различни места во светот. Некои од нив толку изгледаат автентично што тешко е да се замисли дека се луѓе, а не скулптури.