Решението за бројни инфекции е пред нас

Конзумирањето на доволно количество вода на ден може да спречи некои болести како камења во бубрезите и инфекција на уринарниот тракт. Лековитите својства на водата се толку големи, што дури може да се спречи рак на мочниот меур.

Потрошувачката на течности го намалува ризикот од појава на камења во бубрезите. Опасноста се намалува за 50%, ако пиете по повеќе од два литри вода на ден. Недоволната консумација на течности може да доведе до инфекција на уринарниот тракт. Водата ја намалува концентрацијата на бактерии во урината, спречува црвенило на лигавицата на уринарниот тракт и ја намалува густината и киселоста на урината.

Главните фактори на ризик за развој на рак на мочниот меур се пушењето и изложеноста на различни хемикалии. Водата може да ја  намали концентрацијата на канцерогени супстанции, стои во бројни истражувања за овој дар на природата.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

- Реклама -