Откако неодамна Јапонците открија каков е сексуалниот живот според крвната група, денеска ви претставуваме слична типологија која, овојпат, се однесува само на љубовниот живот и човековите карактеристики.
Луѓето со крвна група А се искрени, трпеливи и резервирани. Тие се добри партнери и секогаш може да се потпрете на нив. Можеби не се многу забавни во креветот, но се многу добри во односите со другите луѓе. Пројавуваат одлични вештини, кога некој има потреба од емоционална поддршка, тие се многу добри родители и се справуваат добро во стресни ситуации.
Група В се страстни, креативно настроени и силни. Кон оваа крвна група припаѓаат лошите момци кои девојките често ги преферираат. Тие се себични и неодговорни, но понекогаш токму овие квалитети се најпривлечни.
Луѓето од група АБ се смирени и рационални, со изразени социјални вештини. Лесно се приспособуваат кон секоја ситуација. Тие се одлични интимни партнери, иако не возвраќаат со истата количина љубов што ја добиваат. Тие се идеални за забава, иако понекогаш се многу критични.
Претставниците на крвна група 0 се социјални и оптимисти. Тие лесно прифаќаат предлози и не ја наметнуваат до докрај својата позиција. Ова се жешки личности и големи романтичари. Во љубовта тие се љубоморни, своеволни и арогантни, па затоа не е изненадување, ако го проверуваат бројот на партнерот.