Кои се најбезбедните автомобили според Јапонците?

Министерството за транспорт во Јапонија објави официјални податоци, кои ги покажуваат резултатите од краш тестовите на нови автомобили, одржани во јапонската JNCAP.

За најбезбеден автомобил Јапонците го прогласија моделот Toyota Crown. Моделот заработи максимални пет ѕвезди и со вкупен резултат од 189.7 поени и е единствен по многу нешта. Останатите автомобили кои се почестени со максималните пет ѕвезди се: Mazda Atenza, Volkswagen Golf, Honda Fit, Honda N-WGN, Honda Accord Hybrid и Mitsubishi Outlander PHEV. Интересно е дека Volkswagen Golf е првиот увезен автомобил кој заработува максимална оценка од JCNAP. Малиот Honda N-WGN пак е првиот субкомпактен автомобил (К-car), кој добил оценка пет ѕвезди.

Тест методологија на JNCAP вклучува фронтален удар во ѕид, удар со преклопување во бариерата, страничен краш тест, а и судир одзади. Во листата на тестираните влегуваат само продадени автомобили во 2013 година на територијата на Јапонија.



Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот
- Реклама -