Google никогаш не ги копирале функциите на iPhone на Apple при создавањето на оперативниот систем Android. Тоа го изјави Хироши Локхајмен – потпретседател на Android, откако беше повикан како сведок во уште едно судско ривалство помеѓу Samsung и Apple.
По зборови на инженерот уште во самиот почеток компанијата имала јасна идеја да создаде нешто радикално различно од iOS.
“Сакавме да имаме свој идентитет, да имаме и да демонстрираме свои идеи”, рече тој. “Бевме многу задовилни од она што го правиме и во основата на сето тоа беше воведувањето на нешто поинакво и ново.”
Локхајмер беше првиот сведок во корист на Samsung во случајот против Apple. Американската компанија го обвини јужнокорејскиот технолошки гигант во копирање на функциите на iPhone и iPad во нивните уреди. Нивните противници сепак контрира со тоа дека Google имаат развиено голем дел од функциите на Android многу пред доаѓањето на iOS и iPhone.
Од Apple продолжуваат да тврдат дека плагијатот на Samsung им е нанесе штета во вредност од 2,2 милијарди долари. Случајот продолжува.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk