Изложба “Уметноста во кафето”

medium-kafe-03На 22 декември, во 12 часот, во ресторанот Виторија во Скопје, ќе биде отворена изложба на уметнички дела направени преку несекојдневен медиум – кафе.

На 22 декември, во 12 часот, во ресторанот Виторија во Скопје, ќе биде отворена изложба на уметнички дела направени преку несекојдневен медиум – кафе.

Во тек се подготовките за овој интересен проект кои на граѓаните, љубителите на уметноста и на сè она што е ново, ќе им претстави поинаков начин на создавање уметнички дела.

Кафето како уметничка форма и интересен медиум за создавање уметност е позната работа, и во светот постојат безброј уметнички дела направени токму со кафе – без никакви адитиви, едноставно 100% кафе.

Проектот наречен „Уметноста во кафето” е заеднички проект на Факултетот за ликовна уметност и компанијата Нестле (Nestlé), по повод воведувањето на нов производ на македонскиот пазар – Буонди (Buondi) еспресо.

Целта на проектот е да им овозможи на студентите да се изразат и креираат уметнички дела преку нов и необичен медиум – кафето и нивно промовирање како млади талентирани уметници за кои допрва ќе чуеме. Изложбата ‘‘Уметност во кафето‘‘ е и можност сите да уживаме во првата изложба од ваков вид кај нас.

Прочитајте и:  Мултимедијлниот настан „Уметност и музика” во уметничката галерија на Градскиот музеј од Крива Паланка

medium-kafe-01

Деновиве, студентите на ФЛУ, под менторство на професорот Антони Мазнески, инспирирани од кафето Буонди (Buondi), ги создаваат своите дела кои ќе бидат изложени во ресторанот Виторија. На изложбата ќе бидат претставени акварели, скулптури, инсталации, и различни оригинални поставки, во зависнот од изборот на студентите.

medium-kafe-02

Мелено, во зрна, сварено, со пена или без, сите присутни гости од македонскиот џет сет, медиумите, обожувачите на доброто кафе, како и претставници од културни институции, ќе имаат ретка можност да видат уникатни дела создадени преку медиум кој е апсолутно нетипичен.

Изложбата ќе биде отворена од страна на Нестле (Nestlé) Регионалниот бизнис менаџер за Јужна Европа, кој специјално за оваа пригода ќе допатува во Македонија.

medium-kafe-03

- Реклама -