Mасовен краш тест на кросовери на пазарот во САД

Повеќе популарни модели, средноразмерни теренци и кросовери од пазарот во САД, се покажаа небезбедни при фронтален удар со странични пречки по серија краш тестови на американскиот институт за безбедност на патиштата (IIHS).

Експертите од американскиот институт IIHS на последните краш тестови имаа дури девет претставници на SUV класата: Chevrolet Equinox/GMC Terrain, Toyota Highlander, Jeep Grand Cherokee, Toyota 4Runner, Ford Explorer, Kia Sorento, Mazda CX-9 и Honda Pilot. Само два од моделите, близнаците Chevrolet Equinox и GMC Terrain, како и Toyota Highlander можеа да добијат добра оценка во тестот при директен судир на левата страна со статичка преграда. Единствено тие добија прифатлива оценка, па трите возила се вклучени во листата од најпознатите безбедни модели на пазарот TOP SAFETY PICK +.

Еден од главните аргументи во корист на таквото решение е присуството во овие автомобили на опционален систем за заштита од фронтални удари. Така на пример, кај Highlander овој систем пред судирот автоматски ја намалува брзината за 8 km/h, а кај Equinox и Terrain го предупредува возачот за веројатен судир.

Фронтални краш тестови на IIHS репродуцираат ситуација во која возилото се судира во друго превозно средство или, на пример, дрво. Ударот е при брзина од 40 милји на час (64 km/h) и зазема 25% од површината на предниот дел на возилито. При таков судир моќната структура на конструкцијата не може ефикасно да ја апсорбира енергијата на ударот, што доведува до сериозни деформитети на внатрешноста.


Прочитајте и:  Пентагон: САД дадоа разузнавачки информации за лоцирање на лидерот на Хамас, операцијата беше израелска

 

- Реклама -