Американците ги избраа ценовно најповолните автомобили

Агенцијата за анализи Vincentrenic направи рејтинг на најдобрите автомобили од гледна точка на тоа вложено-добиено. За составување на оваа листа возилата беа оценувани според овие критериуми: губење на вредноста по купување, даноци и такси, стапки на кредитот за купување, трошоци за гориво, одржување  и осигурување.

Така беа дефинирани брендовите чии модели се амортизираат најспоро. Најдобра кај патничките возила по овој индикатор е Toyota. Во премиум сегментот првото место е за Audi, а кај пикапите за Chevrolet.

Еве ги победниците во поединечни категории:
Ултракомпактен автомобил – Scion iQ
Субкомпактен – Hyundai Veloster
Компактен купе – Kia Forte Koup
Компактен хечбек – Mazda3
Компактен седан – Honda Civic
Компактен премиум-седан – BMW 3
Компактен хибрид – Toyota Prius C
Електромобил/хибрид Plug-in – Chevrolet Spark EV
Просечен премиум-купе – Jaguar XK
Просечен седан – Honda Accord
Просечен седан (хибрид) – Toyota Camry Hybrid
Просечен премиум-седан – Lexus ES 350
Просечен премиум-седан (хибрид) – Lexus ES 300h
Голем седан – Toyota Avalon
Голем премиум-седан – Audi A7 TDI
Луксузен автомобил – Audi R8
Кабриолет – Volkswagen Beetle TDI
Премиум-кабриолет – Lexus IS 250
Спортски автомобил – Ford Mustang
Премиум спортски автомобил – Audi TT
Комби – Subaru Outback
Премиум комби – Mercedes-Benz E-Класа
Компактен кросовер (ниско ценовен сегмент) – Subaru XV Crosstrek
Компактен кросовер (среден ценовен сегмент) – Honda CR-V
Компактен кросовер (високо ценовен сегмент) – Buick Encore
Просечен кросовер – Toyota Highlander
Просечна кросовер (премиум) – Audi Q5 TDI
Хибриден кросовер – Toyota Highlander Hybrid
Голем кросовер – Ford Explorer
Просечен теренец (премиум) – Range Rover Sport
Компактен теренец – Jeep Wrangler
Просечен теренец – Toyota 4Runner
Голем теренец – Chevrolet Suburban
Голем теренец (премиум) – Infiniti QX80
Миниван – Honda Odyssey

 

- Реклама -