Интересно е тоа што жителите на селото Петрич каде што живеела и починала Ванѓа и денес веруваат дека некаде во близина на нејзината куќа е закопана статуа во природна големина на таинствен коњаник од чисто злато.
Има многу од оние, кои тврдат дека статуата го претставува римскиот император Константин.
На почетокот на 80-тите од минатиот век во животот на Ванѓа настапува нова фаза: таа почнува да „гледа“ повеќе од било кога. Нејзините најблиски забележале на почетокот на 1981 година во еден момент како повикала – Внимавајте! Наскоро ќе ни дојдат нови болести. Сите, па дури и оние кои никогаш не боледувале, ќе се разболат. Се уште можеме да предупредуваме. Набрзо потоа се појавуваат AIDS, птичји грип…
Ванѓа неодамна после тоа им порача на своите најблиски дека е „убедена дека човештвото на почетокот на 21. век ќе се спаси од рак“. Говореше: – Ќе дојде денот кога ракот ќе биде окован во железен синџир. Појаснува дека лекот содржи многу железо.
На почетокот на 1988. година Ванѓа порачала: – Сведоци сме на судбоносни настани. Двајца најголеми владетели на светот ќе се ракуваат ( по се, веројатно мисли на Реган и Горбачов). За Русија нема да има ништо посебно додека не дојде„осмиот“, кој ќе заклучи конечен мир на Планетата. Ванѓа говорела додека со Русија владеел Борис Јелцин и очигледно мислеа на „следниот“ за кој што рекла – Ќе биде тоа неочекувана личност!
Ванѓа уште во 1979. година рекла дека „Се се топи, како и ледот, но само едно останува недопрено – славата на Владимир, славата на Русија. Тој трга се од својот пат и не само што ќе сочува, туку и ќе стане господар на Светот“… Но, и дека Русија повторно ќе стане Империја!
Не треба ни да потсетуваме дека Ванѓа тоа го вели во време на SSSR, кога зборот Русија ретко кој го изговарал. На кој Владимир мислела, останува загатка. Оние кои ги толкуваат нејзините пророштва, типуваат на тројца: средновековниот кнез на Русија, Владимир Долгоруков, Владимир Илич Ленин и на Владимир Путин. А Путин е „осмиот“.
Погледнете што не чека во иднина според нејзиното пророштво:
За 2014. Ванѓа предвидува дека голем дел од човештвото ќе пати од гнојни чиреви, рак на кожата и други болести предизвикани од хемиско оружје.
2016 – Европа ќе биде речиси празна, нечовечна.
2018 – Нова сила ќе стане Кина. Земјите во развој стануваат експлоаторни.
2023 – Значително се менува орбитата на Земјата.
2025 – Европа е слабо населена
2028 – Пронаоѓање на нов извор на енергија.
2033 – Ледот на земјените полови се топи. Се зголемува нивото на Океаните.
2043 – Светската економија цвета. Со Европа владеат муслиманите.
2046 – Нови методи на лечење
2066 – Во текот на нападот на муслимански Рим, Сад за прв пат применуваат ново климатско оружје – нагло заладување.
2076 – Со земјата завладува комунизмот.
2084 – Природата полека заздравува.
2088 – Се појавува нова болест – стареење за неколку секунди.
2097 – Брзото стареење е победено.
2100 – Вештачко сонце почнува да ја осветлува темната страна на Земјата.
2111 – Луѓето стануваат живи роботи.
2123 – Малите држави војуваат меѓусебно, големите не се мешаат.
2125 – Во Унгарија се фатени сигнали од космосот, сите се сетија на Ванѓа.
2130 – Човековата колонија под вода – со помош на совети од вонземјанци.
2164 – Научниците ги претвораат животните во пола – луѓе.
2167 – Се појавува нова религија.
2170 – Планетарна суша.
2183 – Човековата колонија на Марс станува нуклеарна сила и бара независнот од Земјата.
2187 – Научниците успеваат да спречат ерупција на двата најголеми вулкани на Земјата.
2195 – Колониите под море во потполност стануваат независни – обезбедени со храна и енергија.
2196 – Европејците и Азијатите стануваат еден народ.
2201 – На Сонцето постепено слабеат термо – нуклеарните реакции, ѕвездата се лади.
2221 – Човештвото во потрага за вонземјански живот, стапува во контак со незамисливи и ужасни…
2256 – Космички брод, по враќањето на Земјата, носи на планетата нова, страшна болест.
2262 – Постепено се менуваат орбитите на планетите на сончевиот систем. На Марс му се заканува комета.
2271 – Научниците конечно ги рачунаат новонастанатите физички константи.
2273 – Со мешање на жолтата, белата и црната настанува сосема нова раса.
2279 – Научниците добиваат енергија „од ништо“: веројатно од вакуум или „црни дупки“.
2288 – Патување низ времето и нови контакти со вонземјани.
2291 – Сонцето се лади. Обиди повторно да „запали“.
2296 – Силна експлозија на Сонцето. Се менува силата.
2299 – Во Франција се зајакнува партизанско движење против исламистите.
2302 – Откриени нови значајни знаци и тајни на Вселената.
2341 – Нешто застрашувачко и се приближува на Земјата од Вселената.
2354 – Хаварија на едно од вештачките сонца на Земјата предизвикува страшна суша.
2371 – Голем глад на Земјата.
2378 – Новата раса се множи со неверојатна брзина.
2480 – Судар на 2 вештачки сонца.
3005 – Војна на Марс.
3010 – Комета ја погодува месечината. Околу земјата се создава појас од прашина и камења.
3797 – На Земјата сосема исчезнува се живо, но човековиот род тргнува да го продолжи животот во други ѕвездени системи.
3803 – На нова планета никнува човековата раса. Таа е слабо населена. Луѓето имаат малку контакт меѓу себе. Климата им влијае – тие мутираат.
3805 – Војна меѓу луѓето за ресурси. Речиси половина жители умираат.
3815 – Завршува војната.
3854 – Развојот на цивилизацијата е речиси стопиран. Луѓето живеат во чопори како ѕверки.
3871 – Се појавува нов Пророк кој говои за моралните вредности, религијата.
3874 – Пророкот им дава поддршка на сите преживеани. Се основа нова црква.
3878 – Вонземјанците ги обучуваат Земјаните на заборавените наука и уметност.
4302 – Се појавуваат нови градови. Раководството на новата црква го поттикнува развојот на науката и технологијата. Научниците откриваат општи механизми на влијанието на болестите на организмот.
4304 – Победени сите болести.
4308 – Последица на мутацијата: Луѓето користат повеќе од 34 проценти од својот мозок. Сосема исчезнуваат злото и омразата.
4509 – Човекот конечно го „запознава“ Бог. Луѓето достигнуваат таков степен на развој, што можат да комуницираат со Бог.
4599 – Луѓето стануваат бесмртни.
4674 – Цивилизацијата доаѓа до врвот. На земјата и другите планети живеат 340 милијарди луѓе. Почнува целосно мешање на луѓето и вонземјанците.
5076 – Откриена е границата на Вселената, никој не знае што има натаму.
5078 – Луѓето одлучуваат да ја преминат границата на Вселената, Против е околу 40 отсто од населението.
Ванѓа застанала тука. Само кратко навестила, без дополнителни објаснувања, дека веќе следната година е крајот на светот. Што и да значи тоа!