PORSCHE ПРОМОВИРАШЕ GTS ВЕРЗИИ ЗА BOXSTER И CAYMAN

Porsche ги претстави топ верзиите на каросерија Cayman и родстерот Boxster. И двата спортски модели ја добија во името ознаката GTS. Светската премиера на германските машини е предвидена за следниот месец на салонот во Пекинг.

Новите модели се базираат на S-верзиите на вообичаените купе и родстер изведби. Моќноста на 3,4-литарскиот шестцилиндерски агрегат, кој ги придвижува и одговара на еко стандардите – Евро 6, е зголемена за 15 КЅ и веќе изнесува вкупно 330 коњи кај Porsche Boxster и 340 KS кај Porsche Cayman. Вртежниот момент исто така е зголемен. Моторот продолжува да е во спрега со базна 6-брзински механика или 7-степена роботика, како опција. Во последниот случај Boxster GTS забрзува од место до 100 km/h за 4,7 секунди, а Cayman GTS – со секунда помалку. Максималната брзина е 282 km/h, односно 285 km/h.

Во стандардната опрема влегува намалена активна суспензија со корпоративниот систем за управување Porsche Active Suspension Management. Визуелно GTS-верзиите се одликуваат со затемнета оптика и 20-инчни фелни. Новите супер модели излегуваат на пазарот уште во мај. Нивната цена во Германија започнува од 69.949 евра за Porsche Boxster GTS и 73.757 Porsche Cayman GTS.



- Реклама -