Поранешниот маркетинг директор на FIAT, Лапо Елкан, ја обвини француската компанија Renault за плагијат. Според него новата генерација на компактниот хечбек Twingo е копија на Fiat 500.
„Што мислите за француската копија на Fiat 500? Renault можел да биде покреативен и оригинален“, напиша Елкан на својата страница на Facebook, со што предизвика многу коментари. Постот за само неколку часа беше посетен од над 2.000 луѓе и предизвика жестока дискусија.
Сличности во дизајнот на двата модели дефинитивно може да се најде, што и не е никакво чудо, сепак станува збор за урбани возила. А, има навистина значителни разлики, а најголемата е што Twingo има 5, а 500 – 3 врати. Покрај тоа францускиот автомобил има заден погон и мотор позади. Кај Fiat е токму спротивното.
Елкан го предводеше одделот за маркетинг на Fiat во 2003 година, а под негово раководство на беа лансирани ревитализираниот хечбек 500 и третата генерација на Punto. Во 2007 година Лапо го напушти автомобилскиот производител и основа компанијата Italia Independent, специјализирана за производство на облека, како и дизајнерската агенција Independent Ideas. Неговиот брат Џон во моментов е претседателот на Советот на директори на Fiat.
Renault го претстави новиот Twingo во февруари, а деби на моделот пред публиката имаше на салонот во Женева. Хечбекот е изграден на платформа со заден пренос развиена од Французите заедно со концернот Daimler. Истото шасија е во основата и на следната генерација Smart.