Renault го откри новиот Trafic, а Оpel својот Vivaro

Француската компанија Renault ja откри целосно новата генерација Trafic. Комерцијални модел е сосема нов, опремен со нови мотори и нов дизајн. Opel го стори истото со својот Vivaro. Моделите на двете компании делат иста платформа и ќе се појавaт на пазарот во исто време.Пазарната премиера на третата генерација Renault Trafic е закажана за почетокот на летото. Моделот ќе биде достапен во различни модификации и верзии кои според официјалната информација достигнуваат до 270. Меѓу нив се две варијанти во висината, две верзии на должината, како и вообичаените товарни и патнички комбинации.

Што се однесува до дизајнот, новиот Trafic станал подинамичен и пријатен за око. Комерцијалистот е опремен со силно изразен преден дел, во која доминираат масивните фарови, маска и амблем. Внатрешноста засега останува мистерија, но таму се очекува атмосфера со повеќе опции за персонализација. Новиот Trafic ќе се потпира на мотори со намалена работна зафатнина, благодарение на кои ќе нуди водечки индикатори во однос на потрошувачката на гориво. Еден од предметните агрегати е претставена неодамна 1.6 dCi во верзија со 160 КЅ Агрегатот е четирицилиндерски, дизел и се нуди во модификација и со 130 КЅ Просечната потрошувачка и на двете верзии е само 6,0 l/100 km.

Производството на новиот Trafic ќе се одвива во фабриката на Renault во Сандовил, во Франција, во која компанијата неодамна инвестираше 230 милиони евра. Комерцијалниот модел на Renault има 34-годишна кариера зад себе, а е продаден во над 1,6 милиони примероци.

Дизајнот на Оpel Vivaro исто демонстрира динамичен преден дел, се потпира на добро изразени маска и предни светла, генерално формите се малку подинамични, исполнети во типично германски стил. И тука ентериерот останува мистерија, но веќе беше соопштено дека моделите ќе имаат сериозен фокус на потребите на бизнис корисниците, што укажува на добро опремена и комфорен ентериер.

Моделот ќе може да се порачува во три различни нивоа на опрема. Ќе се нудат исто така две варијанти на должината и две во висината. Моторите на новата Vivaro се со намален обем, а меѓу нив спаѓа новиот 1.6 CDTI агрегат со просек исто од 6,0 l/100 km.

Иако Trafic и Vivaro делат иста платформа, нивното производство ќе се одвива на различни локации. Моделот на Opel ќе се произведува во Лутон, Велика Британија.

- Реклама -