Škoda Auto ќе произведува во фабриката во Квасини кросовери не само од сопствената марка, туку и оние на Seat. Ова по проектот Rapid/Тоledo е нов заеднички проект.
Според чешките медиуми ова е потег на Volkswagen да го реши проблемот со квалитетот на производството на првите кросовери на шпанскиот Seat. Благодарение на новиот проект ќе бидат отворени неколку стотици работни места.
Ова е мошне популарен сегмент и новите модели ќе придонесат за поголем публицитет на шпанскиот производител. Првиот кросовер на Шпанците ќе биде надградена врз MQB платформата и ќе има многу елементи од во моментов мошне актуелната трета генерација на Leon, а димензии слични на Фолксвагеновиот Tiguan. Но, како велaт од Марторел ова нема да биде единствен кросовер со Сеатовото лого, бидејќи тој најавува одговор од страна на неговата компанија на VW Taigun, кој се темели на моделот Up!, a Seat и Škoda имаа соодветни остварувања во Mii и Citigo.