Директорот за продажба и маркетинг на Bentley, Кевин Роуз, најави дека во компанијата се дискутира за создавање на нов, „поевтин“ модел. Роуз за списанието Autocar истакна дека новиот автомобил може да се појави до 2020 година.– Неблагодарно е да се прогнозира за толку далечна перспектива. Да зборуваме за иднината на две или три години, но за шест до седум е навистина многу, иако како сериозен бренд ние секогаш мора да бидеме подготвени за секов предизвик. Затоа во план е лансирање на новина која ќе понуди поинаков пристап на компанијата на пазарот од она што досега сте навикнале. Жалам, што сум лошо протолкуван, па некој мојата најава за нешто ново ја има презентирано во поимнаков контекст. Ние ќе правиме автомобил со помали димензии, кои ќе биде поевтин од нашие досегашни претставници, но тоа нема да биде „евтин“ производ, додаде Роуз.
Поточно, станува збор за модел кој ќе е „најевтин“ во палетата на Bentley и ќе биде позициониран под Continental GT, но неговата цена ќе биде над 120.000 евра. Што е тука евтино?
Во исто време веќе се појавија и гласини дека шефовите на компанијата дискутираат и создавање на топ модел во гамата на Bentley, кој пак ќе биде позициониран над Mulsanne, но за овој проект се уште не се знае речиси ништо.
Роуз беше категоричен дека отсега можеме да бидеме сигурни дека новиот модел на компанијата ќе се одликува со одлични динамични квалитети и луксуз.