5 срушени митови за диетите

Постојат многу погрешни сфаќања за слабеењето, посебно на интернетот.  Еве неколку општоприфатени – но сосема погрешни – сфаќања.

Мит 1: Јаглехидратите се проблем за луѓето на диета

Факт: Јаглехидратите се важен извор на енергија. Но сите јаглехидрати не се исти, ако планирате да слабеете избегнувајте ги преработените јаглехидрати како оние во бел леб и кроасани. Заменете ги со интегрални житарки. И не заборавајте на овошјето и зеленчукот кои нудат хранливи материи и влакна а имаат малку калории и го намалуваат ризикот од срцеви болести.

Мит 2: Замрзнатите овошја и зеленчук имаат пониска хранлива вредност од свежите

Факт: Тоа е точно само ако живеете на фарма. Производите имаат повеќе витамини и минерали кога се најзрели, но нивото на хранливи материи опаѓа за време на транспортот. Замрзнатите овошја и зеленчуци се замрзнати веднаш по берењето што значи дека тие задржуваат голем дел од хранливите материи.

Мит 3: Холестеролот од јајца е лош за здравјето

Факт: Едно големо јајце има 213 милиграми холестерол, здравствените експерти препорачуваат ограничување на 300 милиграми холестерол од исхрана дневно или помалку (200 милиграми за оние со срцеви проблеми, дијабетес, или високо ниво на „лош“ холестерол). Но, ефектот на холестеролот од исхраната врз холестеролот во крвта е сè уште мистерија, студии дури посочуваат дека заситените масти и транс мастите имаа далеку поголемо влијание.

Прочитајте и:  Едноставно слабеење: Чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброк

Мит 4: Прескокнувањето на појадокот ќе ви помогне да ослабете

Факт: Прескокнувањето на било кој оброк може да придонесе кон зголемување на тежината. Нова британска студија која се фокусирала на 6764 луѓе открила дека оние кои го прескокнуваат појадокот имале двојно повисоко зголемување на тежината во текот на четири години од оние кои појадувале. Друга група истражувачи ги анализирала владините податоци за 4200 возрасни субјекти. Тие забележале дека жените кои појадувале внесувале помалку калории во текот на денот.

Мит 5: Јадењето на храната во одредени комбинации ќе ви помогне да ослабете

Факт: Пред седумдесет години експерти од Good Housekeeping Research Institute го прогласиле овој тренд за глупост и тој став останува до денес. Речиси сите типови на храна се комбинации од протеини, масти и јаглехидрати. На пример, во полномасното млеко околу 20 проценти од калориите се од протеини, 50 проценти од масти и 30 проценти од јаглехидрати. Дигестивниот систем нема проблем со преработка на разлчни типови на храна истовремено.

- Реклама -