MAHINDRA & MAHINDRA со импресивен кросовер

Индискиот автогигант Mahindra & Mahindra се повеќе ја изненадува јавноста со своите потези. Неодамна на автосалонот во Њу Делхи покажа концептен спортски автомобил под името Halo Coupe EV, а  сега Индијците нудат нов импресивен предлог – сосем нов кросовер.

Автомобилот ќе го носи името Komodo, а во развојот на стајлингот учествувал младиот индиски дизајнер, Макранд Патил, кој е дипломира на Европскиот институт за дизајн во Италија. Во моментов тој има сопствено студио за дизајн што го носи неговото име. Од компанијата тврдат дека моделот е наменет најнапред за пазарот во Индија, а целната публика се млади луѓе – меѓу 20 и 45 години, кои сакаат спорт и активен начин на живот. Машината може подеднакво добро да се движи како надвор од асфалтот, така и во градските средини. Според нејзиниот дизајнер таа ќе располага со погон на четири тркала и простран ентериер.

Судбината на проектот веќе е во рацете на раководството на Mahindra & Mahindra, дополнува Патил. Тој е на мислење дека дизајнот на автомобилот ги обединува сите квалитети кои треба да ги поседува еден индиски кросовер – врвен дизајн, функционалност и сигурност.


- Реклама -