Audi S3 Cabriolet подготвен за патиштата

Компанијата Audi официјално ја претсави набилданата каабриолет верзија на S3. Продажбата на моделот на европскиот пазар ќе стартуваат во текот на летото.

Кабриолетот S3 располага со мек покрив со електричен погон. Во конструкцијата се користени магнезиум, алуминиум и висококвалитетн челик. Покривот се собира целосно за 18 секунди, а операцијата може да биде остварена при движење со брзина до 50 km/h. Моделот доби 2,0-литарски бензински турбо-мотор, чија моќност е 300 КS, а максималниот вртежен момент достигнува 380 Nm. Моторот работи e во спрега со 6-брзински роботизиран менувач S tronic. Забрзувањето од 0 до 100 km/h e за 5.4 секунди, што е за 0.4 секунди побавно од хечбекот S3. Максималната брзина кај кабриолетот е ограничена по електронски пат на 250 km/h. Модификацијата е опремена и со системот за погон на четири тркала – quattro.

Должината на кабриолетот S3 е 4.430 mm, широчината – 1.790 mm, а висината – 1.390 mm. Па, оваа верзија е за 10 mm подолга и за 20 mm пониска од A3 Cabriolet. Двете машини се сепак со подеднакво меѓуоскино растојание – 2.600 mm. Обемот на багажникот е 285 литри со отворен покрив и 245l при соборен.


- Реклама -