Diablo III завршена за седум часа

По пуштањето на Diablo III во продажба фановите кои го чекале ова продолжение веќе 12 години решиле целосно да му се посветат. Како и со новите ограничувања на нивото во World of Warcraft, секош има луѓе кои ќе се обидат да стигнат до „крајот“ први.

Па и не е некое изненадување дека неколку групи успеале да ја завршат Diablo III за кусо време. Најспектакуларниот извештај е дека еден играч успеал сам да ја заврши целата кампања за 12 часа и 29 минути додека две групи, од кои едната била составена од четири играчки, ја завршиле за седум часа – очигледно избегнувајќи ги честите падови на серверот.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Играчот кој сам ја завршил играта, Јошичан (Yoshichan), ја постирал својата статистика од крајот на играта на која јасно се гледа време од 12 часа и 29 минути. Тој го достигнал 32-то ниво играјќи како варварин на нормална тежина. Тој собрал 168.000 злато, убил вкупно 8368 непријатели и има DPS рејтинг од 415 – што најверојатно е многу.

Kај групите, едната е составена од играчи од Кореја другата од играчи од Кина. Двете групи постирале слика на мртов Diablo како доказ за завршена игра.

Корејската група

Кинеската група

- Реклама -