
„Долго време се подготвувавме за овој натпревар, знаевме колку е тешко да се игра во „Јане Сандански“. Среќен сум за некои добри моменти кои ги имавме во првото полувреме, како требаше да играме борбено, но за да извојуваш победа против Вардар во ваква атмосфера тоа не е доволно, треба да имаш константни 60 минути, да бидеш на максиумум. Мислам дека се потребни 16 играчи за да се дојде до победа. Во овој модерен ракомет кој се игра во Европа потребно е секој играч да има придонес за на крај да се радуваш. Мислам дека е тешко, добрите моменти ќе ги издвоиме и одиме понатаму, првенството не е завршено само со еден натпревар, има уште многу да се игра“, вели Кузмановски.
„Кога ќе направиме анализа, ќе видиме дека правевме доста технички грешки кои Вардар ги казни. Секој играч треба добро да размисли. Како што кажав, потребни ни се 16 играчи кои треба да се борат за дресот на Пелистер, но некои тоа не го покажуваат. Одиме понатаму, не е ништо решено“.
Извор: МКД.мк



