Честопати аеродромите се претвораат во импровизиран моден подиум на кој ѕвездените дами покажуваат ефектни визии и во движење создаваат нови модни трендови. Денеска ќе се инспирираме како да се облечеме за патување, обрнувајќи внимание на стајлингот за на aеродром на две современи диви – Ријана и Викторија Бекам .
Ќе почнеме со Ријана која кон средината на минатата недела беше уловена од папраците на еден од терминалите на аеродромот LAX во Лос Анџелес. Тогаш барбадоската убавица беше облечена во темни фармерки, црн блузон и кожна јакна од Acne. Додатоците , пак, беа црна торба од Givenchy, модел “Antigona”, очила за сонце од Chanel и бела волнена шапка.
Госпоѓата Бекам, ја носи на рацете малата Харпер, а беше фотографирана на аеродром JFK и како и секогаш демонстрираше беспрекорен стајлинг, вклучувајќи црни прави панталони, како и ефектно палто од нејзината есенска колекција за 2013-та година.