Нвиот Kia Soul со IF награда за дизајн на производи

Новиот KIA Soul, кој го имаше своето деби на салонот во Франкфурт минатата година, ја доби престижната награда iF Product Design Award. Втората генерација на култниот компактен SUV, кој веќе се дистрибуира во Северна Америка, ќе се нуди на Стариот континент од март 2014 година.

Во 2009 година KIA Soul беше првиот автомобил на корејскиот бренд кој беше награден со престижната награда за дизајн red dot. Од тогаш до сега модели од гамата на KIA добила вкупно 16 награди за дизајн. Со карактеристичниот изглед Soul освои бројни фанови низ светот, а првата генерација се продаде во 760.000 парчиња.

Новиот модел е развиен од дизајнерскиот тим на брендот под раководство на Питер Шрејер, претседател и главен дизајнер на KIA Motors Corp. Многу од надворешните елементи на мускулестиот прототип Track’ster (претставен во 2012 година на автосалонот во Чикаго) се инкорпорирани во втората генерација на KIA Soul и го формираат модерниот изглед. Покрај визуелната сличност со својот претходник, втората генерација на KIA Soul е сосема нов автомобил. Ентериерот е целосно рестилизиран, просторот за патниците е зголемен, користени се уште поквалитетни материјали, а нивото на бучавоста во кабината е минимизирано. Втора генерација KIA Soul е конструирано на сосема нова платформа, слична на Cee`d, која води до значителни подобрувања во управувањето и во динамиката на моделот. Во Европа Soul ќе се нуди со 1.6-литарски бензински мотор со директно вбризгување (132 КЅ) и 1,6-литарски турбодизел (128 КЅ).

 

 

- Реклама -