Прва фаза – Паметен/на. Ова е моментот кога веднаш станувате експерти за секоја тема и секогаш сте во право. За било што. И нормално, личноста со која што разговарате не е во никој случај во право. Ситуацијата би била уште подобра кога и соговорникот е во истата фаза.
Прва фаза – Паметен/на
Ова е моментот кога веднаш станувате
експерти за секоја тема и секогаш сте во право. За било што. И
нормално, личноста со која што разговарате не е во никој случај во
право. Ситуацијата би била уште подобра кога и соговорникот е во истата
фаза.
Втора фаза – Згоден/а
Моментот кога сте убедени дека сте најзгодната личност и сите присутни гледаат во вас. Најчесто се започнува со покана за играње, сигурни во вашата убавина. Оваа фаза нема остра линија која што може да се повлече со првата, па затоа тука вие сте сеуште најпаметни.
Трета фаза – Богат/a
Ова е фазата кога станувате најбогатиот човек на планетата. Почнувате да ги частите сите присутни. Не прашувате за цената, бидејќи сте убедени дека имате многу пари. Им купувате на сите околу вас кои ви се восхитуваат колку сте паметни, згодни и секако, богати.
Четврта фаза – Непобедливи
Сега можете слободно да се закрате со било кој што претходно ви бил љубоморен на вашиот памет, убавина и пари.
Петта фаза – Невидлив/а
Оваа е последната фаза од вашето пијанство. Сега сте невидлив/а. Можете слободно да се качите на маса и да играте, да ја соблечете вашата облека и да ги импресионирате луѓето кои што ви се восхитуваа претходно, бидејќи остатокот од посетителите не можат да ве видат – вие сте невидлив/а. На крај, можете слободно да се вратите дома пешки, и притоа да си пеете најгласно што можете. Не треба воопшто да се грижите, никој не може да ве види. А и ако ве види, уверени сте дека го поседувате најдобриот глас.
И на крај што и да правите, не срамете се, и така нема да се сеќавате.