Австралиски научници тврдат дека редовната консумација брза храна може да има негативно влијание врз функционирањето на мозокот, а првите знаци на оштетување на меморијата можат да бидат забележани само во рок од една недела. Според експертите штетниот ефект на брзите производи се должи на високата содржина на транс масти во оваа храна кои го зголемуваат нивото на „лошиот” холестерол во крвните садови, со што се отежнува циркулацијата на крвта.
Од тоа прв почнува да страда мозокот кој добива помалку кислород и хранливи материи. Притоа, човекот лесно може да стане жртва на мозочен удар, кој е последица на високиот крвен притисок.
Експертите препорачуваат луѓето еднаш засекогаш да се откажат од нездравата храна или барем да го намалат нејзиното конзумирање.