Светски рекорд кој никој не би сакал да го сруши

1200057028_108Ова е еден од светските рекорди кој никој не би сакал да проба ниту пак да го сруши. Тоа е затоа што овој рекорд е за „Најдалеку Исфрлен од Удар со Автомобил“ и моментално води Метју Мекнајт. 29-годишникот кој сеуште го држи рекордот преживеа за да раскаже дека бил исфрлен 35 метри при удар од кола која се движела со брзина 70 km/h. Бил удрен додека се трудел да им помогне на жртви во сообраќајна на улица во Монровил, 15 милји источно од Питсбург.


carhitОва е еден од светските рекорди кој никој не би сакал да проба ниту пак да го сруши. Тоа е затоа што овој рекорд е за „Најдалеку Исфрлен од Удар со Автомобил“ и моментално води Метју Мекнајт. 29-годишникот кој сеуште го држи рекордот преживеа за да раскаже дека бил исфрлен 35 метри при удар од кола која се движела со брзина 70 km/h. Бил удрен додека се трудел да им помогне на жртви во сообраќајна на улица во Монровил, 15 милји источно од Питсбург.

Имал изместено рамо, скршен колк и нога. Бил две недели во болница и 80 дена терапија пред да се врати на работа во Април 2002. Мекнајт е доброволен пожарникар и болничар, но не бил на должност кога запрел за да им помогне на жртвите во несреќата. Вработен е како специјалист за комуникации во болницата во Питсбург.

Терапевтот на Мекнајт д-р Ерик Брејдер ги предал документите од истрагата од каде Гинис го пронашол новиот рекорд во 2003. Не било објавено се до најновото издание во 2008 по што Мекнајт вели: “Мислев дека е некоја шега. Д-р Брејдер често знае да се пошегува. Но, кога ми ги донесе доказите видов дека е сериозен.”

Мекнајт се надева дека никој нема да го сруши неговиот рекорд.

- Реклама -