Русија: Притворен тинејџер во истрагата по дојавата од САД за терористички напад во Москва

Во текот на истрагата во врска со информации од Соединетите држави за планиран терористички напад во Москва, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) притвори тинејџер кој објавил видео на социјалната мрежа TikTok во кое се заканува дека ќе изврши кривично дело во музејскиот комплекс Царицино, објави во неделата ФСБ.

8
Русија: Притворен тинејџер во истрагата по дојавата од САД за терористички напад во Москва
Фото: Нетпрес

„Федералната служба за безбедност, заедно со Руската национална гарда, Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет на Русија, спроведоа истрага за информациите добиени од американските агенции за спроведување на законот во врска со подготовката на терористички напад во Москва на територијата на музејскиот комплекс Царицино. Како резултат на овие истраги, беше приведен малолетен руски државјанин. Тој објави фотографии од себе на краткиот видео сервис TikTok облечен во тактичка опрема, балаклава, капа, очила и слушалки, држејќи предмет што личи на автоматско оружје, како и фотографии направени во Царицино со натпис I found a place (Најдов место)“, нагласи ФСБ.

За време на претресот на домот на тинејџерот била откриена специфични делови од облека и додатоци, се додава во соопштението на руската безбедносна служба, ден откако беше објавено дека од ФСБ од американските безбедносни служби добила информација за подготовка на голем терористички напад во Москва. Истовремено во саботата американската амбасада во руската престолнини објави на својата веб-страница предупредување за американските државјани да го избегнуваат музејскиот комплекс Царицино, како и други локации на масовни собири на луѓе.

Реклама

„Во уредите и комуникациите беа идентификувани сметка на TikTok што се користела за објавување закани, претплата на неонацистички канал на Telegram и значителен број пребарувања за терористички напади, масовни убиства и други насилни настани“, објави ФСБ.

ФСБ објави дека додека се истражувале информациите добиени за САД биле откажани планираните културни настани во музејот во интерес на јавната безбедност, а безбедносните мерки во областа околу него се зајакнати.

„Благодарни сме на американската страна за дадените информации“, додаваат од ФСБ.