Намирница која најдобро го штити срцето

Освен што се вкусни, оревите се и неверојатно корисни за човековиот организам. Само една рака ореви дневно ни обезбедува доволно количество протеини, растителни влакна, омега-3 масни киселини и антиоксиданти.

Оваа количина е важен извор на протеини за вегетаријанците, бидејќи содржи точно осум грама. Истото количество ореви содржи четири грама растителни влакна, што е еднакво на една чаша полна со јагоди или една помала банана на пример.

7-orevi-dnevno-za-zdravo-srce

Најновите истражувања покажале дека оревите се еден од најголемите извори на антиоксиданти, кои се моќно оружје против туморот и многу други болести. Исто така, тие содржат големо количество на омега-3 масни киселени, кои се вистински штит за срцето.

Полна рака ореви обезбедува пет грама омега-3, кои го снижуваат холестеролот, кој е главен виновник за многу кардиоваскуларни заболувања (атеросклероза, инфаркт, шлог, зголемен крвен притисок…).

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

Во секој случај, имајте во предвид дека уште поефикасно ќе делуваат во комбинација со мед.

med-i-orevi

- Реклама -