За тоа дека компанијата Rolls-Royce подготвува кабриолет на база на седанот Ghost се знаеше уште при појавата на изведбата Wraith, која претставува фастбек.
Сега ова е и официјално потврдено од страна на директорот на компанијата, Торстен Милер-Отвес, кој посочи дека новиот модел ќе се појави најдоцна во 2015 година. Шефот на Rolls-Royce беше категоричен дека почетокот на продажбата на Wraith, кој е најдинамичниот модел во историјата на марката, дава надеж за успехот на кабриолетот.
Милер-Отвес сепак не даде никакви детали за тоа како ќе изгледа кабриолетот и дали и тој ќе го носи името Wraith. Се знае дека отворената верзија ќе добие целосно нови подесувања на шасијата, но истовремено ќе се потпира на познатиот од Wraith би-турбо V12 мотор со зафатнина од 6.6 литри и моќност од 632 КЅ, кој работи заедно со 8-степен автоматски менувач ZF. Максималната брзина на идниот конкурент на автомобили како Bentley Continental GTC и Mercedes-Benz S65 AMG ќе биде ограничена по електронски пат на 250 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе е помалку помалку од 5 секунди. Уште поважно, ќе биде дека максималниот вртежен момент од 800 Nm, кој според зборовите на шефот на Rolls-Royce, ќе биде „насекаде и секогаш “, што ќе гарантира типичен за брендот карактер на автомобилот.