Како кинезите лечат мамурлук?

Сите добро знаеме дека најдобар лек против мамурлук се една шолја силно кафе или расол…Можеби никој не го знае совршениот лек за мамурлук, но кинеските научници неодамна дојдоа до ново интересно решение за оваа неволја – газирани сокови на база на лимон!

Газираните сокови кои содржат лимон и лимет би можеле да бидат совршен клуч за лечење на мамурлук, бидејќи му помагаат на телото брзо да го обработи алкохолот, наведува една студија на кинески научници.

Имено, кинексите научници во текот на ова истражување испитале 57 пијалоци, вклучувајќи билни чаеви и газирани пијалоци, па на крајот дошле до заклучок дека пијалокот кој содржи лимон или лимет има најдобро дејство.

истражувачите се одлучиле да испитаат што предизвикува мамурлук и утврдиле дека повеќе од самиот алкохол, главоболката и мачнината предизвикуваат процес во кој телото ги вари алкохолните пијалоци. Тие откриле дека билните чаеви дури и го продолжуваат мамурлукот, додека безалкохолните пијалоци со лимон му помагаат на алкохолот брзо за метаболизира.

 

- Реклама -