Да му дадете на вашето куче или маче малку чоколада или пиво можеби не ви се чини како лоша идеја. Сепак, животните не се луѓе и некои состојки во храната ги преработуваат многу потешко и побавно отколку ние, а некои може и да ги убијат.
Пред да поделите несебично некое вкусно јадење со вашето милениче, добро проверете и запамтете кои намирници никогаш не треба да му ги давате затоа што се повеќе штетни отколку корисни:
-гума за џвакање
-цреши
-сол
-семки од јаболко
-домати
-ореви
-кромид
-кафе
-печурки
-чили
-чај
-праски
-лук
-авокадо
-чоколада
-грозје
-алкохол
-пилешки коски